Производството на мед во Кривопаланечкиот регион, во кој постојат извонредни географско-климатски и растителни услови за развој на пчеларство, годинава е намалено за една третина како резултат на лошите временски услови. Приносите годинава се движат по 10 до 15 килограми мед по пчелно семејство. Според пчеларското здружение на граѓани "Пчела", во кое има околу 85 членови, годинашните приноси на мед се намалени и заради зголемувањето на пчелните семејства поради што не се вади медот, туку се остава како храна за новите пчелни семејства во зимскиот период. Кај организираните пчелари приносите со мед се подобри како резултат на посета на трибини, семинари, предавања и учество на саеми. Тој посочи дека потребната опрема за пчеларење и едукација на пчеларите се набавува преку здружението, и додаде дека здружението располага со ДВД-филмови и ЦД-а за пчеларење кои им се во секое време достапни на членовите.
Производството на мед во Кривопаланечкиот регион, во кој постојат извонредни географско-климатски и растителни услови за развој на пчеларство, годинава е намалено за една третина како резултат на лошите временски услови, истакнуваат пчеларите од Крива Паланка и Ранковце.
Приносите годинава се движат по 10 до 15 килограми мед по пчелно семејство. Според пчеларското здружение на граѓани "Пчела", во кое има околу 85 членови, годинашните приноси на мед се намалени и заради зголемувањето на пчелните семејства поради што не се вади медот, туку се остава како храна за новите пчелни семејства во зимскиот период.
- Кај организираните пчелари приносите со мед се подобри како резултат на посета на трибини, семинари, предавања и учество на саеми, изјави претседателот на ПЗ "Пчела" Стоилко Арсовски.
Тој посочи дека потребната опрема за пчеларење и едукација на пчеларите се набавува преку здружението, и додаде дека здружението располага со ДВД-филмови и ЦД-а за пчеларење кои им се во секое време достапни на членовите.
- Во просечните години во Кривопаланечко се добиваше од 45 до 50 тони квалитетен еколошки мед, за кој нема организиран откуп, туку секој пчелар индивидуално се снаоѓа за пласманот, рече Арсовски, напоменувајќи дека само тројца пчелари поседуваат сертификат за производство на органски мед.
Минатата година, според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - подрачна единица од Крива Паланка, субвенција за стимулирање на пчеларство добиле 120 пчелари од Кривопаланечко за вкупно пријавени 5.000 пчелни семејства.